Државната ЕЛЕМ информираше дека месецов продале од вишокот електрична енергија што ја призведуваат и за тоа инкасирале над 6,5 милиони евра. Станува збор за продадени 100 илјади мегават часови. ЕЛЕМ годинава шест пати продаваше вишоци на струја на отворениот пазар, при што биле вкупно продадени 320 илјади мегават часови за нешто над 18 милиони евра, пари кои завршиле во државниот буџет.

Од ЕЛЕМ информираат дека се подготвени за претстојната грејна сезона, а воедно и за стартот на либерализираниот пазар на електрична енергија кој е закажан за почетокот на идната година.

„Досега работевме со регулирана тарифа, во еден дел од годината таа тарифа беше 41 евро по мегават час, со најновата одлука е околу 39 евра. Со овие цени кои ги кажав претходно кои можеме да ги постигнеме можете и сами да заклучите дека разликата е доволно голема и ние сме во можност да постигнеме“, рече Благојче Трповски директор за производство и продажба на ЕЛЕМ.

Loading...

Shpërndaj me