Вработувањето со врски во државни фирми е степен на корупција кој мора посериозно да се спречи, вели за Алсат професорот Драган Гоцевски. Добро е тоа што за прв пат еден состав на антикорупциска препознава прекршување на процедури за вработување и бара одговорност од оние кои го прекршиле законот, смета професорот. Гоцевски јавно прашува – кој е мотивот раководител или директор на јавна институција да се изложи на ризик надвор од препишан редослед да прими со протекции некое лице на работа.

„Тоа лице е делегитимирано во очите на неговите колеги на тоа работно место. Затоа што повеќе не станува збор, дали тој е квалитетен и компетентен или не е. Може да е многу неспособен, но можеби е и крајно коректен, да има учено да има искуство и да го заслужува работното место. Со повредата на процедурата за вработување, со криењето со злоупотребата на службените овластувања за да го наместите него да се вработи тој е делигитимиран како професионалец“-рече Драган Гоцевски, универзитетски професор.

Скандалот со непотизмот кој ја тресе владата, Гоцевски очекува да финишира со неколку повлекувања на роднините, но да паднат и неколку задоцнети морални оставки од актуелните функционери. Но, тоа нема да биде нова практика, само негативен пример на кој ќе се сеќаваме во иднина.

„Десетина или петнаесет деца на функционери да се повлечат од работни места и евентуално тројца носители на јавни функции да се повлечат не е промена на практика. Тоа е симболичен чин дека еве сме спремни нешто да промениме. Јас не би сакал да го видам премиерот да ги повикува и да ги санкционира. Очекувам антикорупциска да делува, органите на прогон да реагираат“- изјави Драган Гоцевски, универзитетски професор.

Пред два дена Антикорупциска побара да се отворат прекршочни постапки за вработувањето во државни фирми на роднините на министерот за економија Крешник Бектеши, и за пратениците на СДСМ Александар Кирацовски, Мира Стојчевска и Костадин Костадинов. Антикорупционерите се сомневаат дека политичарите влијаеле врз одлуката за нивно вработување. Дел од нив соопштија дека роднините ќе се откажат од државната работа, но дел или не коментираа или изјавија дека засега не одлучиле што ќе прават.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...