На сонцето, а не на водата и на ветрот да биде фокусот на Владата за обновливи извори на енергија. Ова го порачаа експертите кои велат дека Македонија единствен извор кој го имаме доволно е сончевата енергија. Исто така, наместо фокусот на тоа колку се инвестираат пари за добивање струја од обновливи извори, акцентот мора да се стави и на заштита на животната средина.

„Ние во моментов користиме 18 отсто енергија од обновливи извори. Таргетот или целта е до 2020 година 20 отсто да биде. Но има и други договори што ги зголемиле процентите, и тие зголемени проценти не знам кога и како ќе ги достигнеме. Но, не сме само ние проблематични, проблематични се сите во Европа вклучително и Германија“, рече Јасминка Димитрова Капац.

Освен што е потребно да се зголеми количеството на електрична енергија по алтернативен пат, земјава мора да работи и на поголема стабилност на енергетскиот систем, велат експертите.

„Целта е да се овозможи долгорочен одржлив развој, на енергетскиот систем и на системот за обезбедување електрична енергија. Треба да се зголеми присуството на поодржливи извори на енергија, бидејќи долгорочно гледано тоа ќе овозможи поодржлив систем на обезбедување на електрична енергија“, рече Ласло Садо, експерт по енергетика.

На годишната презентација на извештајот за напредокот на полето на енергетиката, претседателот на Европската енергетска заедница , Јанез Копач истакна  повеќе критики отколку пофалби за земјава. Копач посочи дека земјава на годишно ниво, нема да ја испорача количината на произведена струја по алтернативен пат, иако за тоа има најголем буџет во регионот.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...