Воведувањето на прогресивниот данок нема да ги постигне ефектите кои ги очекува владата, вработените во ИТ секторот ќе си заминат, ќе се зголеми сивата економија и ќе се затајува данок. Ова беа главните забелешки на бизнис заедницата на јавната дебата во Собранието во Скопје за најавеното воведување на прогресивниот данок.

„Ние сметаме дека со форсирањето на овој закон ќе се доведе до намалување на странските инвестиции. Македонија не се натпреварува со Германија или САД за добивање на странски иневстиции, туку се натпреварува со околните држави Србија, Албанија и Бугарија кои се со политика за ниски даноци за привлекување на странски инвестиции и ова ќе придонесе до зголемување на даночно затајување и сива економија“, рече Ветон Ќоку, Американска стопанска комора.

„Ако овде се очекува дека ќе се подобри праведност и еднаквоста, мислам дека е преамбициозно очекување. Ова апсолутно нема да се постигне бидејќи со 1% застапеност и со прва стапка прогресивна и е толку ниска и во никој случај неможете да очекувате ефекти од праведност во општеството“, изјави Абдулменаф Беџети, професор.

„Ја поддржувам иницијативата на владата на институциите и на Собранието да се промени персоналниот данок, но мислам дека недоволна промената и дека ако запре тука владата и ако не ги фати и другите аспекти освен персоналниот данок и другите директни даноци дека работата ќе биде половична“, рече Никола Поповски, професор, поранешен министер за финансии.

Даночната реформа предвидува воведување на дополнителна стапка од 18% данок за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно. На дебатата беа присутни пратеници, поранешни министри, експертска јавност и претставници на бизнис секторот.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me