Реформите кои започнаа последните две децении не беа реални и ефективни, оценуваат експертите во пресрет на претставувањето на новата реформска стратегија наречена “План 18”. Дел од експертите и професорите, некои кои се и изготвувачи на стратегиите за реформи, сметаат дека главна пречка е немањето политичка волја за нивно спроведување.

Професорката Ана Павловска Данева ја нагласи потребата од продолжување на реформите во Министерството за внатрешни работи, односно издвојување на УБК од ова министерство. Данева го смета за важно спроведувањето на “ветингот” за полициските службеници, кој пред неколку недели го најави министерот Оливер Спасовски.

Професорот Борче Давидовски не гаи надеж дека се можни значителни реформи бидејќи власта не била чесна во посветеноста кон нив.

“Планот 18”, за кој сè уште нема детали што содржи, се очекува да биде одобрен од Владата следната недела. Претходниот план “3-6-9” самата извршна власт си го оцени за успешен и целосно спроведен.

Фатлуме Дервиши

Loading...

Shpërndaj me