Доколку административците Албанци кои седат дома би се распределиле по државните и јавните институции, нивната правична и адекватна застапеност во овие институции ќе беше поголем. Вака смета универзитетскиот професор Изет Зеќири, коментирајќи го извештајот на Народниот правобранител, во кој се вели застапеноста на Албанците последниве години бележи опаѓање. Професорот Зеќири додава дека останувањето дома на административците Албанци, има голема цена за буџетот од една страна, а од друга им пречи во развојот на кариерата.

„Износот е околу 780 илјади евра кои ги добиваат околу 1.688 административци за кои имаше план 950 од нив да бидат систематизирани, но и ова е под знак прашалник бидејќи многу институции ги затворија вратите за административците. Тоа директно влијае и кај административците кои се депримирани и губат интерес и фактички постои можност тие да ги изгубат и работните места бидејќи тие ја изгубиле трката за напредок во кариера со другите млади лица кои одат на работа и ги развиле нивните способности во работниот однос“, изјави Изет Зеќири, универзитетски професор.

Во Владата го тврдат спротивното. Оттаму тврдат дека бројот на Албанците во администрацијата расте.

„Од тоа што е доставено од Министерството за информатичко општество заклучно со 2018 година, застапеноста на Албанците во сите институции е 19,67%. Ова е за 2018 година. А, за 2017 година застапеноста била 19,31%, значи имаме зголемување на правичната застапеност…“, рече Мухамед Хоџа, Портпарол на Владата.

Но, Народниот правобранител тврди дека нивните податоци се многу поточни.

„Имаме извештај кој има реални податоци и ако го споредиме со извештајот на Министерството за информатичко општество и администрација, ние сметаме дека овој е многу попрецизен и поточен извештај“, изјави Иџет Мемети, народен правобранител.

Според извештајот на Народниот правобранител, во 2016 година застапеноста на Албанците била 19,2%, во 2017 тој број паднал на 19,1%, а во 2018 година на 19%.

Мефаил Исмаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...