Предлог-законот за јавно обвинителство што е во собраниска процедура, според професорот Гордан Калајџиев е контроверзен во однос на категоризацијата на нелегалните прислушувани материјали како индиции. Нивното исклучување, вели тој, ќе ги отежне судските постапки.

За поранешниот обвинител Александар Наков и власта и опозицијата го гледаат законот како обид да се амнистираат себеси од одговорност за разни незаконски постапки.

Поради интересот за кривично гонење за тешки криминални дела, вели Калајџиев, употребата на незаконско прислушувани материјали на суд е регулирана кај нас и тоа треба да се смета за решено прашање. И поранешниот обвинител Наков вели дека „бомбите“ не треба да се исклучуваат.

Експертите го критикуваат и брзиот начин по кој овој закон се настојува да се донесе во Собранието. Тие бараат закон создаден од експерти, а не од партии кои си ги штитат своите интереси. Со членот 110 од Предлог-законот за јавното обвинителство се исклучува употребата на нелегални прислушувани материјали како основа за тужби или докази на суд и дозволува тие да се користат само како индиции за евентуално сторени кривични дела. „Бомбите“ се предвидени да бидат докази само во случаите на СЈО, поднесени до 30 јуни 2017 година.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...