Договорот меѓу владите на Македонија и Грција треба целосно да се објави. Аналитичарите оценуваат дека начинот како Владата на Заев постапуваше досега, тешко може да го гарантира спроведувањето на договорот ако се избегне соработка со опозицијата и претседателот Иванов. Александар Божиновски вели дека Заев не требало да остави простори за изненадување како што е „ерга омнес“ за што премиерот и шефот на дипломатијата изјавија дека нема да го прифатат.

Петар Арсовски оценува дека двете страни во преговорите направиле важни чекори од кои нема враќање назад.

Божиновски и Арсовски оценува дека владата треба да го објави целосниот договор со цел да спласнат тензиите и револтот кај граѓаните.

Адријан Керими

Shpërndaj me