Формирањето на новата владина работна група за следење на корупција и организиран криминал предизвика контроверзни реакции кај експертите од оваа област. Аналитичарот Александар Пандов скептично гледа на тоа дали релевантните институции со истите луѓе ќе успеат да ги намалат криминалот и корупцијата.

Аналитичарот Васко Тодоровски вели дека во тимот недостасуваат членови од истражните органи, како Основното јавно обвинителство. Според него, иако постојат сите релевантни институции, тие не биле добро координирани меѓу себе и за секој пропуст вината ја префрлаат кај другиот.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак, коментираат дека е срамота што власта дури по три години откако почна со работа, дури сега формира тело кое, како што велат, наводно ќе ја гони корупцијата, а се со цел да се заташка аферата „Рекет“.

Според извршната власт, ова тело, со кое ќе раководи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ќе ја координира работата меѓу институциите за гонење на криминалот.

Аднан Ќаили

Loading...

Shpërndaj me

Loading...