До доцна во ноќта синоќа траела акцијата за целосно да се собере контаминираната вода која се излеа во „Охис“. Инцидентот настанал по миење на базени во кои имало остатоци од токсичен отпад. Водата од еден од контаминираните базен протекла во резервна бетонска када, по што жителите во околината почувствувале непријатна миризба и пријавиле во Државниот инспекторат.

„Вентилот пропуштил и дел од течноста од металниот резервоар се излеала во бетонската када. Од таа течност со вода која најверојатно содржи примеси на метил акрилат мономер ја дава таа остра миризба и како резултат на тоа имаше реакции од страна на граѓаните кои живеат во околината на ОХИС. Денеска повторно направив инспекциски надзор и констатирав дека таа течност целосно е  собрана и се вршеше само дезинфекција со вар на бетонската када“

Метил акрилат мономер е една од  од многуте хемикалии останати како индустриски отпад во некогашниот хемиски гигант „Охис“, но Инспекторатот ќе почека на резултатите за да ја соопшти токсичноста. За справување со овој отпад задолжена е фирмата Екоцентар 97 од Скопје која го пакува и складира во специјални магацини и чека одобрение за извоз во Швајцарија. Власта уверува дека државните служби одговориле на инцидентот „секавично“. Допрва ќе се утврдува евентуална одговорност. Се брани и фирмата која работи со отпадот.

„Испратен е надзор од страна на Хемискиот факултет од Штип и сега беше извршено мерење, не се констатирани штетни концентрации во воздухот којшто може да направат некој проблем. Записниците сите кои постојат ќе бидат дел од анализите.“

„ Ако се дојде до заклучок дека не е испочитуван некој процес, одлуката е кај нив. Меѓутоа јас мислам дека максимално се испочитувани сите процедури и сите закони.“

Невладините активисти, како и опозициската ВМРО-ДПМНЕ жестоко реагираа на неодговорно справување со индустриски отпад и освен казни, бараат и поголема ангажираност од власта.

„Не видовме како се врши оваа работа под контрола во смисла на поставување на една ограда од мерни инструменти, којшто ќе можат да ја детектираат концентрацијата на одреден радиус оддалеченост од самото место на инцидентот, кој ќе можат да ги предупредат граѓаните во одредена насока, да кажеме во насока каде што ќе дува ветерот тие ќе бидат изложени со поголема концентрација и да ги напуштат домовите или да се затворат итн. Едноставно видовме како неубаво се менаџира проблем.“

Некогашниот хемиски гигант „Охис“ во старите хангари крие различни типови хемиски супстаниции, кои останале од некогашото производство. Фирмата е под стечај, а притисокот од јавноста  е кон  државата за што поскоро да се исчистат сите типови на опасен отпад.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...