Никако да се реализира преземената обврска за нормално функционирање на Слободната економска зона во Тетово. Трите компании кои функционираат во неа и натаму го користат стариот пат за да се приклучат на автопатот.

„Ние сме во контакт со приватниот инвеститор и заедно ги менаџираме обврските кои произлегуваат од договорот како обврски кои ги има државата, но и приватниот инвеститор. За нас е важно привлекувањето странски инвеститори. Сите обврски што државата ги има кон слободната економска зона ќе ги исполни во роковите кои ќе се определат во соработка со приватниот инвеститор. Но, не треба да се заборави дека обврски нема само државата“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

Директорот на економската зона Арбен Халили вели дека приватниот инвеститор ги исполнил обврските кои произлегуваат од договорот.

„Сме ги исполниле сите обврски за реализирање на инфраструктурата во рамките на слободната економска зона, затоа се овие инвеститори бидејќи е направена главната инфраструктура. Ние очекуваме од Владата да го исполни главниот услов, поврзување со автопатот“, изјави Арбен Халили, директор на Слободната економска зона Тетово.

Инаку, економската зона која во Тетово беше помпезно инаугурирана, со ветување за илјадници вработувања, функционира со само три компании и околу 2000 работници.

Башким Сулејмани

Loading...

Shpërndaj me

Loading...