Владиниот оптимизам за подобри резултати на економско поле за идната година не ги охрабрува експертите. Економситите причината за тоа го гледаат во разочараноста на  јавноста од слабата ефикасност на власта на повеќе полиња. Државата и натаму има големо влијание врз стопанството, вели Марјан Николов од Центсрот за економски анализи. Драматични разлики не очекува да има до година, туку сликата и постигнувањата на некој начин би биле само пресликана копија од 2018 – та. Според него , недостасува системска промена за водење на државата и реализирање на економските проекти.

Еве и да претпоставиме, дека ќе се исполнат сите „ЌЕ“, да претпоставиме дека буџетот на Македонија ќе биде реализиран така како што е планиран. Да претпоставиме дека ќе постигнеме не 3,2 отсто раст туку 5 отсто раст на економијата, но дали граѓаните ќе имаат поквалитетен живот или не? Затоа што економскиот раст мерен преку БДП апсолутно нема никаква врска со барањата и потребите на граѓаните за поквалитетен живот “ – изјави Марјан Николов, Институт за економски анализи.

Универзитетскиот професор Марјан Петрески пак, вели дека сака да биде оптимист, но тргнувајќи од тоа колку економијата беше потисната од политичките прашања, кои главно генерираа неизвесност за бизнисот, не може да биде. Според него, Владата мора да објасни што конкретно значи најавата за подобра економска година, или како ќе се постигне на краток рок раст на економијата од над 3 отсто или на долг рок како да се стигне до долго најавуваните 5 отсто раст на БДП. Петрески предупредува, никако не смее да се потценат ризиците кои доаѓаат од надвор и негативните странски влијанија кои може да ја разнишаат кревката економија на Македонија.

Она што се уште мислам дека само лебди во сите овие дискусии на носителите на економските политики е дека ние не сме доволно фокусирани на создавање додадена вредност и така генерирате лоши очекувања. Граѓаните не сметаат дека повисоките плати треба да излезат од некаде, дека треба да произлезат од  тоа што ние ќе продадеме повеќе и потоа ќе можеме да поделиме повеќе. Тука ја лоцирам одговорноста на носителите на политиките, треба да работата за таквите очекувања да се сменат “ -рече Марјан Петрески, универзитетски професор.

За 2019 економистите и порачуваат на владата да овозможи стабилност на системот, преку реализација на ветените реформи од годинава. Без да најавуваат нови проекти кои со години ќе бидат оставени во фиока. Владата пак,  со голем оптимизам најави дека годината што следи ќе биде економски успешна со многу реализирани капитални проекти и подобар стандард за граѓаните.  Опозицијата и натаму е на ставот дека владиниот економски тим води погубни политики кои даваат само негативни резултати.

Иле Петревски

Loading...

Shpërndaj me

Loading...