Најмалку 104 лица се убиени во антивладините протести во Ирак за помалку од една недела, соопшти Министерството за внатрешни работи на оваа земја.

Портпаролот Саад Маан соопшти дека 6.107 лица, меѓу кои и над 1.200 припадници на безбедносните сили, се повредени во судирите во Багдад и во другите градови. Тој исто така рече дека десетици јавни згради биле запалени од демонстрантите.

Спонтаните протести започнаа на 1-ви октомври со митинг на млади Ирачани кои бараат работа, подобри јавни услуги и крај на корупцијата. Тие потоа се проширија со барањето за промена на владата. Крвавото насилство избувна откако демонстрантите не го почитуваа полицискиот час.

Минатата недела, ирачкиот премиер Адел Абдел Махди рече дека барањата на демонстрантите се праведни, но предупреди дека нема „магично решение“ за проблемите на Ирак.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...