Единаесетгодишниот Алвин Бериша од Албанија, конечно се спаси од ужасите на војната во Сирија. Тој беше вратен кај неговото семејство, кое инаку живее во Италија, а по заедничката операција на властите во Тирана, Рим и на некои меѓународните институции. На 6-годишна возраст, во декември 2014 година, Алвин Бериша заминал кон Сирија со својата мајка, која сакала да им се придружи на милитантите на Исламската држава. Алвин, чија мајка потоа загинала при експлозија заедно со нејзиниот нов сопруг, завршил во бегалскиот камп Ал Хол, во североисточна Сирија. Токму таму и бил пронајден.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...