Утре, 18 јуни, во Нион Швајцарија ќе се одржи ждрепка од првиот круг на квалификациите за Лига на шампиони и Лига Европа. Екипата на Шкендија ќе биде носител во Лига на шампиони, па така се очекува да има полесен противник. Екипите Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров и ФЦ Шкупи, кои ќе се натпреваруваат во Лига Европа, се во групата на екипи кои не се носители и ќе бидат во улога на аутсајдери, без разлика на тоа со кого ќе се соочат. Најголемиот успех во европските натпреварувања го постигна Вардар, пред две години, откако обезбеди натпреварување во групи во Лига Европа.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...