Европскиот Парламент усвои резолуција со која се потврдува дека во Албанија, поточно во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора живеат Бугари. Оваа предлог – резолуција беше ставена на дневен ред по поднесените барања до Европскиот парламент од страна на пратениците Адреј Ковачев и Ангел Џамбаски. Во усвоениот амандман на Ковачев и Џамбаски се вели дека Европскиот парламент забележува дека се потребни натамошни обиди преку целосна имплементација на законите да ги заштитат правата на сите малцинства во Албанија и препорачува да се заштитат правата на бугарските малцинства во Преспа, Голо Брдо и Гора. Претходно, европратеникот Ковачев во Европскиот парламент изјави дека во Албанија живеат околу 100 илјади Бугари кои не ги уживаат минималните права кои им следуваат како малцинство.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...