Бугарското собрание ја усвои декларацијата за поддршка на започнувањето на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ, но со услови кои на денешната седница уште малку ги прошири и надгради. Имено, Македонија да се грижи за бугарските воени гробишта и да ги рехабилитира, како што се вели, жртвите и репресираните од југословенскиот комунистички режим заради нивната бугарска самосвест. Опозицијата ја критикуваше власта дека со Договорот за добрососедство Бугарија загубила.

Вашиот минстер за надворешни работи Екатерина Захариева да си поднесе оставка бидејќи овој Договор за пријателство е признавање на пораз -изјави Валери Забјапанов, пратеник во бугарскиот Парламент.

Ќе ја поддржиме декларацијата во врска со проширувањето на Европската унија и процесот за стабилизирање и асоцијација на Република Северна Македонија и Албанија. За нас ова е од првостепено значење за мирот, стабилноста и безбедноста во нашиот регион – рече Јордан Цонев, пратеник во бугарскиот парламент.

Но, со декларацијата Бугарија бара Македонија да се откаже од корисење на терминот „македонски јазик“, а ЕУ да ја користи формулацијата „службен јазик на Република Северна Македонија“. Ако е неопходно пишувањето „македонски јазик“ да биде пропратено со ѕвездичка и појаснување „според Уставот на Република Северна Македонија“, бришење на сè каде што стои „бугарски фашистички окупатор“, да нема обиди за признавање на македонско малцинство, ниту искривување на историски настани, во медиумте да нема говор на омраза против граѓани со бугарска самосвест. Во документот за евроинтеграцијата на Албанија, Бугарија бара носење на закон за малцинство и гарантирање „со минумум степен на право на бугарско нацонално малцинство со изучување на бугарскиот јазик како мајчин во Голо брдо, Гора, Преспа, Корча, Елбасан и Кукс. Бугарија уште бара и европски попис во Албанија за да можело да се добие вистинска етничка слика во земјата.

Весна Велкова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...