Во земјава се одбележа Светскиот ден на енергетската ефикасност. ЕВН,  Шпаркасе Банка и Европската банка за обнова и развој организираа работилница на која преку презентации и предавања беа демонстрирани најновите трендови во оваа област. Овој Саем за енергетска ефикасност на компаниите им се понудија решенија со кои ќе ја намалат потрошувачката на енергија.

„Ние започнавме како ЕВН со едукација на населението, да ја заштедат електричната енергија, меѓутоа не губејќи го комфорот на секојдневното живеење. Тоа го започнавме со енергетската азбука, ја продолживме со енергетската математика и денеска со нашите производи и услуги кои ги нудиме како ЕВН да овозможиме секое домаќинство да може да имплементира енергетската ефикасност во својот дом“, рече Илија Ќироски, ЕВН Македонија.

„ЕКО кредитот на Шпаркасе Банка Македонија е наменет за физички лица со максимален износ од 50.000 евра, рок на отплата до 20 години и фиксна каматната стапка во првите три години почнувајќи од 5,7%, а потоа променлива почнувајќи од 5,9% во останатиот период на отплата. Кредитот има можност и за грант до 20%“, рече Викторија Јовановска, Шпаркасе банка.

Loading...

Shpërndaj me



Loading...