Во дворот на средното училиште „Михајло Пупин“ почна да се гради полигон за тренинг на електромонтери и електротехничари. Таму, со поддршка на ЕВН Македонија ќе се спроведува обука за ученици од паралелките со дуално образование.  По завршувањето на школувањето, учениците ќе имаат стручност и компетенции за вработување во оваа компанија.

„Со ова учениците, нашите деца учат нешто што можат да го користат понатаму во животот и тоа ова средно училиште Михајло Пупин го прави различно од било кое друго средно училиште. После ова образование учениците ќе добијат работа или во ЕВН или во друга електро компанија и ќе добијат плата уште во првиот ден од вработувањето. Со ова отвараме можност нашите деца да останат тука и да останат во земјата“, рече Штефан Петер, ЕВН Македонија.

На овој полигон, дел од практичната работа наместо во компании ќе се изведува во училиштето, преку овозможување работа во реални услови. Со тоа ќе се зголеми конкурентноста на кадарот кој што е дефицитарен на пазарот.

„Најмногу сакам да се заблагодарам на компанијата ЕВН Македонија што несебично се вложуваа во овој проект кој што започна лани и се надевам дека ќе бидеме добар пример на останатите училишта во Град Скопје и во државата компаниите, бидејќи не само ЕВН туку и за останатите компании има потреба од кадар од оваа или слични струки“, изјави Димитар Ѓорѓиев, „Михајло Пупин“.

Во паралелките за електромонтери учат вкупно 55 ученици од кои 21 се прва година, а 34 се во втора година. По завршувањето на училиште тие ќе имаат можност веднаш да се вработат во ЕВН Македонија со почетна плата од 20 илјади денари. Министерот за образование Арбер Адеми кажа дека стремеж на министерството е што повеќе да се имплементира концептотот на дуално образование кој започна со компанијата ЕВН Македонија.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов рече дека ќе се залага ваков начин на образование во училиштата во Градот да стане пракса и учениците по завршување на училиштето да бидат веднаш подготвени за пазарот на трудот.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...