ЕВН Македонија ќе гради нова соларна централа, најави во интервју за неделникот Капитал, претседателот на управниот одбор Штефан Петер. Покрај тоа како дел од инвестициите на енергетската компанија е и поставување на нови 40 полначи за електрични автомобили во сите поголеми градови во Македонија.

„Бидејќи цените за фотоволтаичните модули значително се намалија, добивме се повеќе и повеќе барања од нашите деловни корисници дека сакаат да инвестираат во тоа производство на енергија. Но, тоа е комплексен бизнис. Одговорот е во вистинскиот дизајн, соодветната точка на напојување, квалитетот на технологијата и, да не заборавиме, лиценцата. ЕВН го нуди сето ова одеднаш. Специјално решение по принципот клуч на рака. Им понудивме на нашите клиенти повеќе од 10 мегавати во нови сончеви централи и сме подготвени да ги конструираме сите во рок од една година“, изјави Штефан Питер, претседател на Управен одбор на ЕВН Македонија.

Според Питер, оваа услуга ќе биде достапна и за граѓаните.

„Оваа можност доаѓа со новиот закон за енергетика. Потоа, и потрошувачите во категоријата домаќинства ќе можат да произведуваат електрична енергија, на пример со фотоволтаици на нивните покриви без да аплицираат за лиценца. Исто така, ќе нудиме стандардизирани решенија по принципот клуч на рака, вклучително и сите пресметки. Значи, нашите корисници ќе знаат за нивните инвестициски трошоци и, се разбира, за заштедите на неискористеното производство на електрична енергија и вишоците пред да одлучат да инвестираат“, посочи Питер.

ЕВН неодамна отвори нов Инфо центар и ги прошири своите е-услуги. Компанијата има над 700.000 корисници – домаќинства. Според Петер во текот на изминатите 12 години ЕВН Македонија има инвестирано повеќе од 370 милиони евра во изградбата на нова и реконструкција на постојната дистрибутивна мрежа.

Алсат М

 

Loading...

Shpërndaj me