Ден по „заканите“ на СДСМ за формирање ново парламентарно мнозинство доколку не се гласаат за важните закони, ситуацијата изгледа посмирена. Премиерот Оливер Спасовски повика законите да се донесат, а потоа да се распишат изборите.

Поранешниот премиер Зоран Заев  вели дека коалицијата со ДУИ функционира,  еден ден откако  генералниот секретар Љупчо Николовски, на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека е време за ново парламентарно мнозинство и редовни избори доколку продолжи да се тактизира со  донесувањето на важните закони. ДУИ вели дека нема апсолутно никаков проблем со коалицискиот партнер. Оваа партија е подготвена да работи  преостанатите денови за да ги донесе сите закони за кои е договорено.

  ДУИ како целина ги поддржува сите закони кои се во процес и го поддржува нивното донесување што е можно поскоро, дури и денес. Овде  се Законот за јавното обвинителство, Законот за Советот на јавни обвинители, Законот за одбрана, Законот за медиуми и други закони, вклучувајќи го и Изборниот законик, игрите на среќа и законите кои сè уште чекаат во постапка и се во комисиите”-вели Артан Груби, пратеник на ДУИ .

Претседателот на Собранието, Талат Џафери предложи иницијатива за распуштање на Собранието на 16 февруари, но повика да се одржи и лидерска средба доколку партиите не се решени за избори на 12 април.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...