Неочекуваната оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја разбранува политичката ситуација во Косово. Во фокусот е прашањето за предвремени парламентарни избори. Дури и самиот Харадинај, кој рече дека мандатот му го враќа на народот, го повика претседателот на државата, како што е пропишано во Уставот, да ги почне консултациите со политичките партии и земјата да оди на предвремени избори. Истото го побараа и Движењето Самоопределување,  Демократскиот Сојуз на Косово, Социјалдемократската партија и Иницијатива. Претседателот на Самоопределување, Албин Курти остави можност на избори да одат во коалиција со ДСК. Тој рече дека неколку пати го предупредил Харадинај дека „што поблиску си до змијата, толку е поопасно“.

До 21 март минатата година Харадинај ја имаше фатено змијата за глава, после 21 март 2018 кога беше усвоена демаркацијата, Мехо Харадинај змијата ја држеше за опашка. Тоа, дали ќе бидеш испрашан од специјалниот обвинител како премиер или како вршител на должност, ова за специјалниот суд не претставува разлика. Разликата е во Косово, а не во Хаг. Ние веќе имаме Влада која беше безнадежна и наопаку“.- Албин Курти, претседател на Самоопределување

Претседателот Хашим Тачи на Фејсбук потврди дека ќе постапи согласно неговите уставни надлежности. Тој меѓу другото пишува дека верува во чистата борба на ОВК и големите морални вредности на војниците кои се бореа за слобода.

Од медиумите бев информиран за одлуката на премиерот на Република Косово, Рамуш Харадинај за неговата неотповиклива оставка од премиерската функција. Јас ја почитувам неговата одлука и како претседател на Република Косово ве уверувам дека ќе постапам согласно моите уставни и законски надлежности, за што косовските граѓани ќе бидат навремено информирани. Јас верувам во чистата борба на Ослободителната војска на Косово и верувам во високите вредности на борците за слобода. Ниту вредностите на нашата слобода, ниту борбата на ОВК не може да ги загрози никој“. – Хашим Тачи, Претседател на Косово

Освен за Харадинај и за советникот на претседателот Хашим Тачи и поранешен шеф на штабот на ОВК Бислим Зирапи, Специојалниот суд во Хаг достави покана. Денеска екс претседателот на косовското Собрание и поранешен член и портпарол на Генералштабот на ОВК, Јакуп Красниќи информираше дека добил покана од судот во Хаг. Овој суд чие седиште е во Хаг беше основано со одлука на Парламентот на Косово, а во него работат обвинители и меѓународни судии кои ќе ги разгледаат наводите за вмешаност на поранешните припадници на ОВК во воени злосторства во и после војната.

Еви Шкопи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...