Тоа што повеќе од половина година власта не може да избере директор на Државниот завод за ревизија покажува дека партнерите во владејачката коалиција се заинтересирани единствено за партизација на институциите е оценката на професорот Изет Зеќири. Тој смета дека неуспехот на СДСМ и на ДУИ да најдат заеднички јазик, е знак за неспособност и недостиг на политичка волја за борба против корупцијата.

„На овој начин тие ја блокираат контролата врз 1314 институции основани од централната и локалната власт, 40% на централно и 60% на локално ниво, да бидат контролирани од Државната ревизија и лицата кои прават злоупотреби и водат постапки на несоодветен, нетранспарентен, неефикасен начин не можат да излезат пред лицето на правдата, бидејќи Државниот завод за ревизија утврдува пропусти со кои треба да се занимава јавниот обвинител “.

Зеќири вели дека Собранието не ја почитува ниту препораката на ЕУ, за формирање на парламентарна комисија, која би ги разгледувала извештаите на Заводот за ревизија. ВМРО-ДПМНЕ, обвинува дека власта го блокира изборот на шеф на ДЗР, за да ги блокира извештаите за 43 институции.

СДСМ и ДУИ се надеваат дека наскоро ќе има директор на Државниот завод за ревизија. Од СДСМ го обвинија пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, за погрешно толкување на Деловникот на Собранието, во Комисијата за избори и

Во меѓувреме, ДУИ потврдува дека е подготвена да поддржува непартиски кандидат.

Тон: Артан Груби, ДУИ  „Јас ценам дека ако политичките партии се договорат таа институцијата мора да ја води квалификуван, професионалец, индивидуа, може да се договори и да се гласа веднаш.“

Минатата недела, парламентарната комисија за избори и именувања обезбеди 6 гласови од 13, за кандидатот номиниран од СДСМ, Адем Цури. Но, претседателот на Комисијата, Илија Димивски рече дека не се обезбедени соодветните гласови, бидејќи комисијата брои 13 члена, а само 12 беа присутни бидејќи пратеникот на ДУИ, Ејуп Алими ја напушти Комисијата, откако беше одбиен неговиот предлог, Насер Адеми, да го предводи ДЗР.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...