Преку интернет платформата „отворени финансии“ секој граѓанин ќе може да има увид во состојбата на државната каса и трансакциите на сите буџетски корисници. Проектот денеска го промовираа премиерот Заев и министерката за финансии Нина Ангеловска. Како што кажа Заев, декласифицирањето на трансакциите ќе биде бариера против злоупотреба на државните пари, а преку новата платформа ќе може да се прегледаат сите трансакции од 2010 година.

„Од денеска па натаму, секогаш, кога некое министерство, агенција или државна управа, ќе извршат уплата на пари, во рекордно време ќе биде достапна на увид секоја трансакција, во сите државни институции, за сите граѓани во државата“, рече Заев.

Како што кажа премиерот, отворањето на податоците од трезорот е во насока на намалување на корупцијата и неправилностите во работењето на институциите.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...