Десет илјади граѓани ќе може да добијат по илјада евра од државата доколку решат печката на дрва да ја заменат со клима инвертер која во лето лади дури и во најжешките денови, додека во зима грее дури и ако надвор температурата е до минус 20 степени. Од владата потенцираа дека овој проект ќе го започнат од Скопје, Тетово, Битола и Кичево како најзагадени градови, а следните години ќе се прошири и опфатот на територии низ Македонија. Приоритет ќе добијат семејствата кои имаат вкупно до 500 евра месечни примања. Властите уверуваат дека греењето со инвертери е најисплатливо во однос на другите енергенси.

Греењето на дрва ја уништува нашата природа. За една грејна сезона во скопскиот агомерациски регион се трошат 317 илјади тони дрва или колку што изнесува дрвната маса на Водно. Во Македонија тој податок е пострашен и изнесува еден милион и сто метри кубни што се трошат за една грејна сезона. За жал 40 отсто од ова припаѓа на нелегалната сеча – изјави Jани Mакрадули, заменик министер за животна средина.

Парите за оваа мерка треба да ги обезбеди државната компанија АД Електрани или поранешно ЕЛЕМ. А на денешната прес-конференција присуствуваше и новиот министер за екологија Насер Нуредини. На чело на институцијата е речиси два месеци, но досега во јавноста тој не се појавуваше освен на едно ексклузивно интервју кое го даде за Алсат. Денеска Нуредини од говорницата само го прочита текстот кој му беше претходно подготвен, а на новинарските прашања објаснување даваше неговиот заменик Макрадули.

Иле Петревски  

Loading...

Shpërndaj me

Loading...