Туристичките агенции ќе мора да имаат банкарска гаранција во висина од едногодишните приходи, а задолжителни ќе бидат и осигурителни полиси за туристичките аранжмани. Министерството за економија го изготви новиот Закон за туризам со кој се засилува контролата во туристичката и угостителската дејност.

Во рамки на пазарниот инспекторат ќе има и посебна туристичка инспекција, а ќе се контролираат приватните издавачи на станови и соби кои се огласуваат преку „Букинг“ и „ЕрБиЕндБи“.

Во законското решение кое следната недела ќе биде доставено на ЕНЕР се заоструваат и критериумите за категоризација на туристичките објекти. Новиот Закон би требало да стапи на сила до крајот на летото.

„Се предвидува да се промени начинот на  лиценцирање, ќе има разлика меѓу лиценцирањето на  туристичките агенции и туроператорите, ќе се воведе  осигурителна полиса за аранжаните со цел на граѓаните да им обезбедиме поголема сигурност кога ќе купуваат аранжмани во странство, а истовремено и странските туристи во државава“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...