Владата планира да дава повеќе пари за финансирање на невладини организации. Во моментов, во годишниот обрт од 150 милиони евра во цивилниот сектор, Владата придонесува со само 5 милиони евра. Целта е оваа сума до 2022 година да достигне до 30 милиони евра. За тоа од каде ќе ги земе власта тие пари, фиксен одговор нема ниту премиерот Заев, бидејќи конкретниот модел ќе биде подготвен до септември.

Но, ова ја покренува дилемата колку невладините организации ќе останат независни и колку ќе бидат критични кон власта ако добијат државни пари?

“Не знам дали Северна Македонија има развиено толку многу демократија за државата да ги финансира невладините организации. Тие се невладини поради една причина, што значи дека треба да бидат независни. Механизмот кој би овозможил финансирање на НВО-та од страна на владата, може да се злоупотребува, што значи да се користи како контролен механизам на Владата за организациите“, рече Арианит Џафери – ЕКО Гуерила.

За споредба, граѓанските организации во Словенија имаат годишен обрт од околу 900 милиони евра, а во нив државата учествува со 300 милиони.

Еви Шкопи

Loading...

Shpërndaj me

Loading...