Лидерите на државата кои се собраа на едно место ја прогласија за отворена акцијата за борба против лажните вести. За претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и претседателот на Парламентот Талат Џафери, земјава изминатите години беше цел на лажни вести и дезинформации. Како пример се наведе пропагандата со лажни вести за Договорот од Преспа и за референдумот.

Јас уште од преземањето на функцијата претседател на Собранието, бев отворен за новинарите, директен и секогаш достапен за сите можни прашања затоа што сметам дека вистинската информација добиена од самиот извор и секако автентично пренесена од страна на новинарите и медиумите кои се одговорни и посветени на својата професија, може да произведат само позитивни ефекти, односно, меѓусебна доверба меѓу носителите на јавни институции, медиумите и граѓаните – рече Талат Џафери, претседател на Собранието.

На конференцијата организирана од Владата учествуваа министри и директори на национални безбедносни институции.

Фатлуме Дервиши

Loading...

Shpërndaj me

Loading...