Цезар Милан е искусен тренер на кучиња, неговото шоу со години е едно од најгледаните во светот, а неговата мисија е да им помогне на сопствениците на кучиња да ги воспитаат и да ги дресираат на вистински начин.

Физиолошки потреби

Ако веќе сте решиле да посвоите или купите малечко кученце, имајте на ум дека неговиот метаболизам работи многу побрзо. Затоа е потребно на секои 15 до 30 минути после после оброкот, да го прошетате бидејќи тоа ќе чувствува потреба да уринирира. Затоа е многу важно на почеток да се внимава на ова.

Потрудете да кучето да има место каде ќе може да ги заврши физиолошките потреби, место кое ќе го чувствува како свое и ќе му биде познато.

Секое утро изнесувајте го надвор на истото место. Така ќе научи многу побрзо да не го прави тоа дома, туку да чека да биде однесено до местото наменето за тоа.

Исто така, кученцето после дневните дремки, ќе има потреба од прошетка надвор.

Треба да знаете дека ќе почувствува ако се налутите заради тоа што нуждата ја извршило во домот. Тоа ќе предизвика состојба на стрес која ќе го забави процесот на учење. Секогаш користете пријателски глас кога го учите и бидете трпеливи додека го тренирате малото пријателче.

Кога кучето ќе ја заврши добро работата надвор од домот, важно е да го наградите за доброто однесување.

Не го казнувајте вашиот миленик ако ја заврши физиолошката потреба на недозволено место. Ако забележите дека се подготвува тука да урининира, брзо однесете го на точната позиција.

Научете го да седи

Ова не значи дека ќе го тренирате да биде робот, но ќе има ситуации кога ќе биде потребно да ја послуша командата, односно да се смири.

Држете храна, односно она со коешто сакате да го наградите, блиску до неговиот нос.

Движете ја раката и дозволете да ја следи со погледот. Како што вие ќе ја движите нагоре, така тоа ќе го спушта задникот и ќе ја добива позицијата на седење. Штом седне, веднаш речете „Седи“ и наградете го.

Научете го кое му местото за спиење

Важно е да научи кое му е местото за спиење. Затоа, снабдете го со удобен кревет и топло ќебе. Оставете му награда (храна) на местото каде што ќе спие, дозволете да има чувство дека е негов избор. Ако сакате да го делите вашиот кревет со кучето, не го правете тоа веднаш. Прво нека научи каде е неговиот кревет, а потоа вашиот.

Запаметете дека ако сакате вашето куче да го научите на нови навики, тогаш е потребно да воспоставите одредена рутина на однесување. Така е наједноставно да го постигнете саканиот ефект.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...