Археолози во Египет открија голема древна градба, во градот Мит Рахин, 20 километри јужно од Каиро.

Министерството за антиквитети соопшти дека археолозите пронашле недопрена градба, која вклучува голем римски тоалет, како и просторија за извршување на верски ритуали.

Мустафа Вазири, генералниот секретар на Врвниот совет за антиквитети, вели дека градбата најверојатно е дел од станбен блок во таа област, каде некогаш се наоѓал главниот град на древен Египет – Мемфис.

Мемфис е основан околу 3.100 година п.н.е, бил дом на кралот Менес од првата династија, кој ги обединил Горен и Долен Египет.

Египет се надева дека откритијата од овој вид ќе го поттикнат туризмот, вклучувајќи и разгледување на антиквитети.

Shpërndaj me