Пченицата е една од првите култивирани житарки и околу 8.000 години е основната храна на
човештвото. Денес таа е засадена на многу голема површина во однос на останатите прехранбени
култури. Најчесто користен вид е дурум пченицата и производите од неа, но во последната декада
се повеќе се зголемува интересот за „древните житарки” кои не биле генетски модифицирани, го
зачувале богатиот нутритивен состав и органолептички својства. Древните житарки, како и
псевдожитарките и нивните производи се поздрави во однос на останатите познати житарки.

Камут®  Khorasan пченицата е специфична и древна житарка која потекнува од Египет и која е сѐ
повеќе барана. Како заштитена трговска марка КAMUT® гарантира висок квалитет со содржина на
протеини и селен и специфичности според кои оваа пченица треба да биде органски
сертифицирана и никогаш генетски модифицирана или хибридизирана.

Користењето на Камут® пченицата во прехранбената преработувачка индустрија значи добивање
на производи со богата нутритивна вредност. Лебот и тестенините добиени од Камут® брашно
имаат повеќе каротеноиди и протеини во однос на тие добиени од другите видови на житарки, се
посебно вкусни и со подолг рок на траење. Според литературните податоци Камут® пченицата,
како и спелта пченицата, брашното и производите од нив содржат повеќе вкупни феноли и
поголеми антиоксидантни својства во однос на другите пченици. Од каротеноидите најзастапен е
лутеинот, со повисока содржина во однос на другите пченици, содржи и фенолна компонента
процијанидин, биоактивни пептиди, како и мали фрагменти на протеини. Согласно научните
истражувања со уотреба на Камут® пченицата и производите од неа, како што е брашното,
организмот се снабдува со различни нутритивни и биоактивни компоненти кои се значајни за
правилен раст и развој.

Од палетата на производи од Камут® Khorasan пченица во продажните места на ЗЕГИН Healthy
Food веќе може да се набават два вида на Камут® Khorasan брашно.

Органско интегрално брашно од Камут® Khorasan пченица, 500 g

Се состои од органско интегрално брашно од Камут® Khorasan пченица.
Интегралната пченица не подлежи на процеси на сепарација и затоа природно содржи големо
количество на влакна. Интегралното брашно од Камут® Khorasan пченицата е многу вкусно и
погодно за подготовка на леб, крекери, двопек, солени стапчиња, schiacciate(тесто слично на
пица), пица и секако за колачи.

Органско брашно од Камут® Khorasan пченица, 500 g

Се состои од органски брашно од Камут Khorasan пченица кое се добива со делумно одвојување
на триците. Тестото од ова брашно добро нараснува и погодно е за подготовка на леб, крекери,
двопек, солени стапчиња, schiacciate (тесто слично на пица), пица и секако за колачи.
Пробајте ги древните вкусови кои ни ги дарила природата и бидете креатори на сопственото
здравје!

Loading...

Shpërndaj me