Греењето на дрва, иако е голем загадаувач, останува прв избор граѓаните. Цената за метар кубен дрво е околу 3.000 денари. Оваа цена е прифатлива за семејствата со стабилна финансиска состојба, но е тешко издржлива за оние со ниски приходи.

Се грееме на дрва но се уште не сме ги обезбедиле. Цените се високи за нас што имаме ниски плати. Зависи колку е зимата студена. Досега не било и толку студено, со 5-6 кубици сме поминале“.

Некаде околу 2500-2600 денари. За стандардот во Македонија овие цени се високи“.

Се уште не сме купиле дрва, рано е. Оваа година се уште не ги знаеме цените, мислам дека се исти како и минатата година“, велат анкетираните граѓани.

Од ЈП “Македонски Шуми” велат дека годинава цените на дрвото остануваат исти. Заинтересираноста е голема.

Буковото дрво кое се купува во складишта без транспортни трошоци чини 2370 денари за кубен метар, додека дабот 2450 денари за кубен метар.

Елмедина Алији

Shpërndaj me