По двегодишни истражувања група германски научници предупредуваат дека Истанбул би можело повторно да биде погоден од катастрофален земјотрес, како оние од 1766 и 1894 година, кога животот го загубиле десетици илјади луѓе, пренесува турскиот весник, „Дејли сабах“.

Инструментите поставени на поголема длабочина во тлото покажале дека подрачјето е сеизмички заклучено, односно дека е под постојан сеизмички напон.

Тоа е доволно за да предизвика силен тектонски удар со јачина помеѓу 7.1 и 7.4 степени по Рихтер“, изјавил геофизичарот Дитрих Ланге.

Најголемиот и најнаселениот град во Турција се наоѓа во близина на Северно-анадолискиот расад лоциран под Мраморното море, од каде започнал и потресот во 1766 година.

Истражувањата се објавени на официјалната интернет страна на ГЕОМАР Институтот за подводни и геофизички истражувања со седиште во Келн, Германија.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...