До крајот на следната недела 20 директори на државни институции на централно ниво ќе бидат разрешени. Но, реконструкција ќе има и на локално ниво, односно ќе бидат сменети околу 30 носители на функции во локалните самоуправи. Оваа информација ја потврди денеска премиерот Заев. Тоа е следниот чекор во замената на функционери, а потоа следува и смена на заменици-министри и назначување на заменици во оние министерства каде што недостасуваат. Целиот процес кој во јавноста се нарекуваше „метла“ се очекува да заврши до крајот на месецов.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...