До крајот на оваа година 600 километри патиштата низ државата ќе бидат реконструирани и рехаблилитирани, вети директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов. До оваа бројка се дошло по двегодишните мерења на терен. Китанов ветува дека материјалот кој сега ќе се вградува во патиштата ќе биде поквалитетен од претходно.

„Во државата веќе се поставуават и над 100 мерачи за проток на сообраќај и каков вид на сообраќај и согласно сите тие птраметри  ќе се одлучува на кои делници  кој вид на полимери ќе се стават за да не се рехабилитираат на секои осум – десет години, туку на 20 години. Векот ќе им биде подолг и со самото тоа би заштедиле“, рече Зоран Китанов, Јавно претпријатие за државни патишта.

Според професорот на Градежниот факултет Горан Мијоски, патиштата во земјава се проектираат за период од 20 години, по кои треба да следи реконструкција, а рехабилитацијата може да биде и порано изведена доколку коловозот не ги задоволува стандардите.

„Со примената на новите сознанија и нови материјали  квалитетот и животниот век на експлоатација на коловозната конструкција како најзначаен сегмент на патишатата ќе придонесе да траат подолго, што значи ќе имаме одложена приемна на финансиските средства од втора генерација“, изјави Мијоски.

Мијоски посочи дека коловозните конструкции се проектираат и одржуваат според тековните стандарди и оти е во тек префрлање на еврпските норми. Со новиот систем на управувањето со патиштата кој што го применува Јавното претпријатие за патишта, што значи дека патиштата ќе се санираат врз основа на реалната состојба.

Александра Спасевска

Loading...

Shpërndaj me

Loading...