Градежните работи за реконструкција на Бит Пазар и понатаму доцнат. Претседателот на Комората на пазарџии, Екрем Долек рече дека терминот за завршување на работите во првата фаза е веќе пробиен за 4 до 5 месеци, а работите на терен не се завршени. Првата фаза во блок 7 и 8 требаше да биде готова во јули. Тој додава дека Комората не може да врши притисок врз инвеститорот да ги забрза работите во терен, туку тоа е работа на општината.

Пазарџиите велат дека оваа инвестиција е повеќе од потребна бидејќи овој пазар е меѓу најголемиот во градот, но се песимисти оти наскоро ќе завршат градежните работи, иако во последно време гледаат забрзано темпо на терен.

Долги години нашиот пазар е вака и не личи на ништо. Се разбира дека има пречки, има врева“.

Почнаа да работат секој ден и добро оди, ветија дека за 20 дена ќе не вратат каде што бевме. Ова е многу добро,за ова сме чекале 20 години“, реагираат продавачите.

Од општина Чаир, во врска со проектот на Бит Пазар, велат дека побарале од „Скопски пазар“ извештај за динамиката на работите. Според општината, инвеститорот „Скопски пазар“ се однесува со небрежност околу даденото ветување кон пазарџиите.

ОПШТИНА ЧАИР:

Општина Чаир и покрај ограничувањата за дејствување од членот 68 од Законот за градежништво што се однесува на рокот на реализација на работите по давањето на дозвола, од инвеститорот побарала извештај за динамиката на работата и забрзување на работата, бидејќи овој проект е многу важен за трговците и граѓаните кои гравитираат кон оваа област“.

Од Скопски пазар не признаваат дека има одложувања и велат дека работите продолжуваат со очекувана динамика. Од таму додаваат дека завршувањето на проектот е во полза на сите.

ПРЕТПРИЈАТИЕ „СКОПСКИ ПАЗАР“:

Ве информираме дека интензивно работиме на реализација на овој проект. Се работи динамично и активностите се спроведуваат врз основа на одредени временски рамки и проектниот план.“

По завршувањето на првата фаза на секторот 7 и 8 се очекува да се започне со работа во сектор 5 и 6. Според ветувањето на „Скопски пазар“ целиот проект за реконструкција на пазарот треба да заврши за 12 или максимум 14 месеци.

Валмира Зендели

Loading...

Shpërndaj me