Дополнителната помош за трето дете останува минато за тие кои ја имаа среќата да ја користат. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, тврди дека оваа мерка не дала никаков ефект за да се зголеми наталитетот во Македонија, а во меѓувреме државата губела милијарди денари, па затоа мерката ќе биде укината. Додатокот за трето дете ќе се замени со еднократна помош од 60 илјади денари, за второто дете од 20 илјади, а за првото дете само 5 илјади денари.

Старата мерка ќе продолжи да важи за оние кои досега ја примале ваквата финансиска помош, како и за оние кои за неа ќе аплицираат во следните 10 месеци откако законскиот член ќе биде избришан и ќе влезат во сила законските измени.

Ваквата вест граѓаните со кои зборувавме ја дочекаа револтирани. Додатокот за трето дете – велат – бил единствен извор за егзистенција за многу семејства.

Многу неправедно, зошто да се прекине, законот беше од порано, зошто сега да се прекинува? Многу голема грешка прават ако го прекинат, за што? Рече, Граѓанин

Според податоците на Министерството за труд и социјална политика, во текот на 2017 година додатокот за трето дете го реализирале 26.126 мајки, а за четвртото дете само 803.

Мелихате Рустеми

Loading...

Shpërndaj me