Наместо на суд и со долги чекања на одлуки, компаниите, општините и државните претпријатија меѓусебните спорови да ги решаваат на Арбитражниот суд при Стопанската комора. Од овој суд велат дека иако е поефикасенa и поефтинa, за жал домашните компании малку ја користат арбитражата.

Разликата е во тоа што во обичните судови споровите траат по околу три и пол години, додека преку Арбитражата од три до седум месеци со што пресудата станува правосилна.

„За жал се уште не сме на високо ниво, но се трудиме за што повеќе ја анимираме арбитражата во Македонија но очекуваме во иднина тоа ќе биде на повисоко ниво. Во рамките на Балканските земји сме“, рече Гоце Цоневски – Арбитражен суд.

Претпријатијата имаат можност да си одберат судии кои ќе бидат дел од процесот, а може и да го сменат судијата кој бил одреден, но мора да дадат образложение зошто бараат негово изземање. Претседателот на Арбитражниот суд при Стопанската комора на Македонија, Горан Рафајловски вели дека во овој суд, не функционираат врски и притисоци.

„Никој не може да изврши влијание врз судиите кои ќе го пресудат спорот. Одлуката која ја носат е независна и е најмногу согласно позитивно – правниот систем на Македонија“, изјави Рафајловски.

Преку арбитража, во просек годишно се решаваат само околу десет спора, а откако ова тело во Стопанската комора беше воведено уште во 1993 година, досега се решени околу 300 спорови.

Верица Павлоска

Loading...

Shpërndaj me