По добивањето на поканата за членство во НАТО, Македонија го трасира патот по кој мора да се движи за да стане 30 – тата членка на Северноатлантската алијанса. Првично, како што предвидува и Преспанскиот договор, Македонија треба да оди на референдум. Ова право на граѓаните во моментот е во ќорсокак поради тоа што Државната изборна комисија не е формирана и е блокирана постапката во Собранието.

Во зависност од резултатите од референдумот ќе се отвори прашањето за уставните промени, каде што Македонија ќе мора да интервенира во преамбулата, отстранување на терминот граѓанин на Македонија, отстранување на било кое барање за иредентизам или аспирација кон Грција и античката историја. Ова се очекува да биде најтешкиот дел поради фактот дека за отворање на Уставот и промените во него, потребни 2/3 од гласовите во Собранието. Од друга страна не е исклучена можноста опозицијата да поднесе голем број амандмани. Предупредувањата за амандмани ги имаат нагласено и партиите на Албанците кои ќе се обидат освен  отстранување на одредбата 20 отсто, да го утврдат прашањето за идентитетот на државјаните Албанци во официјалните документи.

Во случај ако Владата и опозицијата успешно ги усвојат уставните измени, следи фазата на создавање мешани комисии вклучувајќи експерти од областа кои ќе преговараат со комисиите на Северноатлантската алијанса. По завршувањето на преговорите и предвидените две сесии, процесот на членство оди во парламентите на земјите членки на НАТО. Договорот мора да биде ратификуван во 29 земји членки и во македонскиот парламент. Во некои парламенти и во американскиот Сенат, ратификацијата треба да се изгласа со 2/3 од гласовите.

По оваа фаза, премиерот Зоран Заев го доставува договорот и резимето на реализираните фази во Стејт Департментот на САД. Кога ќе се констатира дека Македонија ги исполнила предвидените услови, НАТО официјално ќе го подигне знамето на земјата на 30 – тото копје, а местото на Македонија во овој случај ќе биде во близина на Норвешка. Во Алијансата нашата земја ќе биде признаена како „North Macedonia“ или Северна Македонија. По формализирање на членството, следи фазата на вклучување на земјава во комисиите на НАТО.

Адриан Керими

Shpërndaj me