Најголемиот непријател на секоја жена е секако целулитот, но стручните лица велат дека на второ место се и стриите кои најчесто се појавуваат по породување или пак при брзо намалување на вишокот на килограми.

Проблемот е во тоа што појавата на стрии не може да се контролира. Но, кога навреме делуваме со соодветни препарати, резултатите може да бидат навистина одлични.

Повеќето од жените се љубители на домашни рецепти бидејќи на тој начин се заштедува време, а секако и средства. Доколку негата и убавината досега ги поистоветувавте со пари, последните неколку години медицината, а и козметичките салони се почесто се навраќаат кон природниот начин на нега и лекување.
Денеска со вас споделуваме домашен рецепт за ослободување од стриите и затегнување на кожата.

Рецептот на ова природно домашно масло потекнува од руска дерматолошка ординација, а руските жени секако дека може да се пофалат со убаво и негувано тело.
Овој рецепт помага за враќање на еластичноста на кожата и ефикасно отстранување на стриите на телото.

Начин на подготовка на маслото:

– 100 мл нерафинирани маслиново масло;
– 20 капки есенцијално масло од рузмарин;
– 20 капки бадемово масло;
– 20 капки есенцијално масло од смрека;
– 20 капки есенцијално масло од лимон;
– 10 капки есенцијално масло од каранфил;

Промешајте ја добро смесата и зачувајте ја во стаклена амбалажа. Подготвениот рецепт користете го секојдневно на проблематичните делови на кожата со втријување.
Бидете внимателни со очите, бидејќи со допир може да предизвикате инфекција.
Есенцијалните масла може да ги најдете во сите аптеки и да го подготвите овој домашен рецепт за затегнување на кожата и ослободување од стриите.
Она што повеќето очекуваат се резултатите за 1-2 седмици. Домашните производи може се најдобри, но за да имате видливи резултатите потребна е упорност и трпеливост.

Овој рецепт потребно е да го косристите 2-3 месеци, а потоа да направите пауза од 1 месец.
Кожата покрај тоа што ќе изгледа сјајно и меко, стриите со сигурност ќе избледат, а со текот на време и изчезнат.

Обидете се и споделете ги резултатите со нас!

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...