Во сезоната на грипови и настинки, многумина ги „гребе грлото“. И иако можеби сте биле на лекар, потребно е да помине време пред терапијата да почне да делува а вам да ви е полесно.

Сепак, постои лек што го користеле и нашите баби, а што ќе ви го каже и вашиот матичен лекар, вистински мелем за грлото и за градите – млеко со прегорен шеќер.

Ефикасно ја намалува кашлицата, го забрзува созревањето и искашлувањето на секретот од грлото, ја намалува болката во градите и во дишните патишта кога имате силна кашлица и го смирува целиот организам.

Лесно се подготвува – загрејте 2-3 лажици шеќер во сад и мешајте додека се топи. Кога ќе добие златна боја, прелијте го со млекото. Оставете го да зоврие. Можете да додадете и една лажичка путер во него. Пијте го топло. Запомнете, ако шеќерот ви загори, фрлете го и стопете нов.

Кога треба да го пиете?

Синуси и течење на носот

Додека се топи, шеќерот ослободува чад со остар мирис. Ако имате воспаление на синусите, затнат нос или ако ви тече носот, „инхалирајте“ од овој мирис, но вдишете само неколку пати. Ако претерате, може да ви предизвика главоболка.

Кашлица

Ако имате сува кашлица и гребење во грлото, најдобро е веднаш да подготвите млеко со прегорен шеќер. Тоа ќе ги смири болките и гребењето во грлото, а ќе го забрза процесот на созревање на кашлицата.

Болка во градите

Како што созрева кашлицата, така добиваме поголеми напади на кашлање, а тие можат да предизвикаат силна болка во градниот кош, особено кај пушачите.

Секако, бидејќи станува збор за пијалак со убав вкус кој им се допаѓа скоро на сите, можете да го пиете дури и кога не сте болни. Уживајте во вкусот.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...