Од регионалниот Центар за јавно здравје во Охрид велат дека матноста на водата во струшкиот водовод била двапати поголема од дозволеното. Последен пат иста ваква ситуација имаше и на почетокот на мај годинава, редовно после секои пообилни дождови. Состојбата денес полека се стабилизира, но граѓаните треба и понатаму да бидат внимателни, велат од Центарот за јавно здравје.

„Штом постојано се повторува проблемот со загадување на водата, можам да кажам дека не се презема ништо. Ние само гледаме каков е квалитетот на водата и врз основа на тоа можеме да донесеме претпоставки дека не е решавано дека не е работено на случајот за водата да биде чиста во секое време“, рече Сашо Точков- директор на Центар за јавно здравје.

И граѓаните на Струга се револтирани.

„Денес водата е матна од изворите. Кога врне водата често се заматува. И во Заграчани и Шум водата е иста. Овие градоначалниците даваат збор ќе ја средат, но ништо не прават. Само седат и се грабаат за фотелји.“

„Овој проблем постојано се случува кога врне дожд. Треба да се изгради бунар пред да влезе водата во големиот резервар. Револтирани сме. Проаква и општината треба да водат сметка.“

„Проблемот е во организацијата и во градоначалникот. Градоначалникот треба да презема мерки. Но, по сè изгледа не се преземаат мерки“, реагираат стружани.

Oд Јавното водоводно претпријатие Проаква информираат дека нивни екипи ги преземале сите активности за што побрзо чистење на водоводниот систем. Уверуваат дека набрзо состојбата ќе се нормализира и водата ќе биде безбедна за пиење. Но, дотогаш таа треба да се користи само за санитарни и технички потреби, а никако за пиење.

Мики Трајковски

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...