Спасувачките служби на Филипините се наоѓаат во висок степен на готовност откако властите најавија удар на силниот тајфун Мангкут. Според податоците, брзината на ветровите што ги носи може да достигнат брзина до 250 километри на час. Во сила е забраната за пловидба, а стотици летови се укинати. На итна евакуација се принудени околу 800,000 лица. Се очекува неговото влијание да го почувствуваат до 10 милиони жители. Главниот удар на тајфунот се очекува утре.

Loading...

Shpërndaj me