Постигантиот договор за спорот со името со Грција го зголеми оптимизмот на дел од бизнис заедницата. Очекуваат подобри економски резултати. Надежта им ја дава примерот со Албанија која по влезот во НАТО, имаше инвестициски бум.

„Перспективата за членството во Европската Унија и НАТО ќе даде позитивен импулс за бизнисите. И според информациите од Владата има 40 проекти во министерството за транспорт и врски, капитални проекти, тие би требало да имаат позитивен придонес во економскиот раст на државата“, изјави Дрилон Исени, извршен директор на СКСЗМ

Што се однесува на порастот на бруто домашниот произовод од само 0,1 насто во првите три месеци од годинава, од Стопанската комора на северозападна Македонија велат дека за да се подобри состојбата, мора да заживее стопанстовто. Но, тука проблем се лошите закони кои не се применливи на терен. Бараат и реализација на ветените капителните проекти на владата, но се сомневаат во ефикасноста на администрацијата. Засега власта останува оптимист дека годинава ќе заврши успешно со раст на БДП над 3%. Лошиот епилог од првите три месеци од владата ги препишуваат на наследениот хаос во економијата, а пак опозицијата ги отфрла обвиненијата и вели дека бројките покажале дека на владата на СДСМ не и е приоритет економијата.

Иле Петревски

Shpërndaj me