Основното јавно обвинителство при претрес во домот на пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски која е  осомничена во случајот „Рекет 2“ пронашло доверливи документи, потврди Обвинителството.

Од обвинителството не откриваат за какви документи станува збор, но демантираат дека тие се поврзани со случајот „Монструм“.

Претходно порталот МКД.МК  објави дека  во домот на семејството Ременски биле пронајдени доверливи документи од случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и преписки на поранешните први луѓе на Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР. Овие информации Обвинителството ги демантираше

„При претрес на домот на осомниченото лице се пронајдени документи и за нив се известени институциите од каде што документите потекнуваат и кои се надлежни за преземање на понатамошна постапка, соопштија од Обвинителството.

Од домот на пратеничката исто така биле одземени и два мобилни телефони кои се дадени на вештачење.

Пратеничката Ременски потврди дека бил извршен претрес во нејзиниот дом, но негира дека пронајдените документи се на нејзиниот сопруг како што сугерираше порталот, туку тврди дека биле нејзини.

„ Вмешувањето на името на мојот сопруг Јовче Ременски во контекст на објавената вест, како и до сега го сметам за крајно злонамерно и тенденциозно, ако се земе предвид фактот дека, документи што не смееле да бидат одземени во незаконит претрес се одземени од мене – Фросина Ременски, а не од мојот сопруг, и истите не се ниту предмет на кривично дело, ниту пак потекнуваат од кривично дело пишува Ременски на својот Фејсбук профил, која додава дека поседува и безбедносен сертификат “Државна тајна”.

Таа наведува дека како  член на собраниска Комисија за надзор имала пристап до доверливи документи и дека има поднесено неколку кривични пријави за злоупотреби на службите но досега за нив нема разрешница. Ременски тврди дека претресот во нејзиниот дом бил незаконит за што  поднела и претставка.

На Ременски која е опфатена во проширената истрага за Рекет, во која се вклучени уште четири лица, за финансиското работење на Мегународниот сојуз на Боки 13 и е одземен пасошот и еднаш неделно треба да се пријавува на Суд.. Таа е осомничена дека како функционер го искористила својот углед и авторитет за да на  средбите заедно со Боки 13 оштетените стекнат впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

Alsat

Loading...

Shpërndaj me

Loading...