Пред околу половина час на патот Скопје – Блаце, веднаш по тунелот што води кон границата со Косово, се случи сообраќајна несреќа меѓу два автомобила, пренесува весникот КОХА. Како што се наведува, во несреќата учествувале автомобил „БМВ“, со тетовски регистарски ознаки и „Рено клио“ со косовски таблички.

До несреќата дошло кога возачот на реното претекнувал колона возила и неможејќи да запре директно удрил во бмв-то што наидувало од спротивниот правец. Како што пренесува Коха, моментално на местото на несреќата има бројни граѓани кои помагаат додека да пристигне полицијата и брзата помош.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...