Последниот парламентарен состав првпат после 10 години донесе  покачување на даноците и придонесите, рече во своето вечерашно гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Запрашан – по што, од аспект на економијата, ќе остане запаметен последниов парламентарен состав Димовски вели:

„Ќе го паметиме овој мандат по тоа што првпат после 10 години Собранието донесе одлука за покачување на даноци, првпат после 10 години Собранието донесе одлука за покачување на придонеси, за пензиско и за здравствено осигурување и првпат после 10 години Собранието донесе одлука за покачување на акцизи“, рече Димовски.

 

Loading...

Shpërndaj me

Loading...