Покрај ризиците за здравјето, последиците од пандемијата ќе се одразат и врз земјоделството, предупреди  министерот Трајан Димковски на денешната прес конференција.

Иако сме во вонредна состојба, рече тој, земјоделските активности и сервисирањето на услугите од трана на МЗШВ кон нив не треба да запрат, додавајќи дека министерството, заедно со сточарите и откупувачите на јагнешко, ќе преземе мерки нивните загуби да бидат покриени.

Како што кажа Димковски, периодов фокусот ќе биде ставен на изнаоѓање решенија за извоз на јагниња кон Италија, кој заради вонредните околности се одвива  отежнато.

Димковски од прес-конференција во Владата уште еднаш упати порака до граѓаните дека храна има, дека целата прехранбена индустрија е мобилизирана и дека нема простор за паника.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...