Цела прехранбена индустија е мобилизирана, храна има доволно и нема простор за паника порача министрот за земјоделство Трајан Димковски. Во моментов државата има доволно залихи и на пченица и нема потреба од увоз. Земјоделските активности и со оваа состојба на коронавирусот ќе продолжат, но со почитување на препораките.

„Платежната агенција и во овој период продожува со редовна исплата на субвенциите. Министерството за земјоделство интензивно работи за откуп на јагнињата бидејќи шпицот е за 10 дена од сега. Да се насадат и насеат нивите секако во овој дел треба да се почитуваат препораките на Владата во оваа воредна состојба земјоделските аптеки нема да бидат затворени“, рече Димковски.

Транспортот на стоки помеѓу државите ќе се одвива со почитување на специјални протоколи за заштита. Забраната за извоз на пченица до 30 април е со цел да се спречи какво било нарушување на состојбите на пазарот на земјата и да се обезбедат доволни количини на брашно.

Андреа Чобанова

Loading...

Shpërndaj me

Loading...