Честито татковино, честито народе, рече во своето излагање министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во своето излагање на заедничката прес конференција со техничкиот премиер, Оливер Спасовски и вицепремиерот Бујар Османи.

„Би сакал вам, македонски граѓани, граѓани на нашата Република, од срце да ви честитам за успехот но и да ве потсетам: Одлуката на Советот не дојде лесно, ниту пак, ни е подарена. Заедно на одработивме и ја заслуживме шансата да покажеме дека му припаѓаме на европското семејство“, рече Димитров.

Loading...

Shpërndaj me

Loading...